| четврток, 6 декември 2018 |

Се заканува криза за чоколадо

W
Какаото се намалува, а производството на чоколади расте! Со неа и цените, кои во последните осум години се и повеќе од двократно зголемени. Исто така, чоколадата се пакува во сè помали амбалажи, а производителите сè повеќе ја комбинираат со овошје, јаткасти плодови, житарки и бисквити. Најголемиот светски производител на чоколада „Бари Калибаут“ во 2013/14 година доставил 1,7 милиони тони од најпопуларните десерти, што се смета за раст од 11,7 отсто во однос на претходната година.

Јирген Стајнеман, извршниот директор на таа компанија, истакнува дека до 2020 година би можело да дојде до „потенцијално снемување на какао“.
– Производителите на чоколади ширум светот, до 2020 година би можеле да претрпат сериозни загуби. Можно е да дојде до снемување какао, поради зголемените економски притисоци на фармите на производителите на какао ширум светот. Нашата работа зависи од одржливите залихи на висококвалитетно какао, а веруваме дека во иднина производството на какао би можело да зависи од малите производители – објаснува Стајнеман.

Уште еден од факторите кои значително влијаат врз намалувањето на залихите од какао е и епидемијата на ебола во Западна Африка, особено ако се земе предвид дека 70 отсто од светските залихи на какао доаѓаат токму од таа земја.
Неповолната ситуација и моменталната рестрикција во тоа подрачје, направија светското производство на какао да биде многу намалено.

Какаото го има сè помалку и поради болестите и сушата, но и поради луѓето, кои чувствуваат се поголем глад за благи работи, а водечка држава во тоа е Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top