Каталонија денеска треба да усвои закон со кој ќе се постават темелите за распишување на референдум за независност на 1 октомври, за што Мадрид жестоко се спротивставува.
Референдумот денеска и официјално ќе биде распишан, се дознава од извори блиски на регионалната влада.
Се очекува сепаратистичките партии кои имаат мнозинство во регионалниот парламент да усвојат предлог-закон игнорирајќи ја одлуката на шпанскиот Уставен суд со која референдумот се прогласи за неуставен.
Предлог-законот за референдум за независнот ќе биде на дневен ред денеска на специјална седница без расправа, а потоа највисоките претставници на каталонската Влада брзо ќе го потпишат, што ќе биде вовед во голема криза во Шпанија.
Каталонија е најбогата шпанска покраина со 7,5 милиони жители, сопствен јазик и обичаи, а носи една петтина од шпанските приходи во економијата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.