Сите знаеме дека шеќерот нема нутритивна вредност, а претераната конзумација предизвикува здравствени проблеми. Но, се чини дека најтешко од се е да се исфрли од исхраната.
Една жена за порталот „Поп шугр“ раскажува како успеала засекогаш да го исфрли шеќерот од својот живот. Таа претходно не можела да го замисли животот без чоколадо, колачи или гумени бомбони.
– Чувствував како ми пречи шеќерот. Кожата ми беше сува, немав енергија за секојдневните активности. Тогаш решив да го исфрлам целосно од исханата. На почетокот беше многу тешко. Имав главоболки, промена на расположението, умор. Ова траеше се додека конечно мојот организам не се навикна на новиот вид исхрана – раскажува таа.
Ова се нејзините совети како полесно да го исфрлите шеќерот од исхраната:
1.Исфрлете ги сите намирници од кујната кои содржат шеќер
Звучи малце откачено, но ако сакате да го исчистите телото од рафинираниот, бел шеќер, не смеете да имате намирници кои го содржат.
2. Направете список на десерти кои не содржат рафиниран шеќер
Ако немате шеќер во исхраната, не значи дека не може да уживате во јадењето. Постојат многу десерти кои не содржат бел шеќер. Изберете неколку здрави рецепти кои ќе ја задоволат вашата потреба за слатко.
3. Носете со себе здрави грицки
Носете грицки богати со протеин, како на пример плочки од путер од бадем и банана.
4. Кога имате криза, вежбајте
Некои луѓе имаат криза наутро, некои навечер. Можеби звучи чудно, но може да ви помогне да вежбате секогаш кога ќе имате криза за слатко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.