Деветнаесет годишната Марија Хосе Алворадо која е и Мис Хондурас и нејзината сестра, исчезнале неколку дена пред натпреварот за Мис на Светот 2014 година во Лондон, пишуваат странските медиуми.
Тие две последно се видени на роденденска забава на нивна пријателка во Санта Барбара, а полицијата веќе со денови трага по нив.
Мајката на девојките, Тереса де Хесус, вчера порачала: “Отворете ги вашите срца и разберете ја мојата болка”. “Има семоќен Бог кој гледа сè, и се надевам дека ќе бидат ослободени”, рекла таа.
Инаку, Санта Барбара е американски град во кој во последното време е многу висока стапка на криминалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.