Езерото Рупканд во Индија се наоѓа на 5.029 метри надморска височина, поради што е откриено пред нешто повеќе од 70 години. Во прашање е глечерско езеро кое поради местоположбата речиси секогаш е замрзнато, но кога мразот ќе се растопи, открива страшна приказна која тука се одиграла пред 2.800 години.
Кога водата ќе се повлече, езерото открива човечки скелети, и тоа стотици. Долго не било познато потеклото на овие скелети, но постоеле многу теории.
#Roopkund – The #mystery lake, is becoming the next hot spot in #Uttrakhand https://t.co/kEVYAINH7k #travel #India #Tourism #Wanderlust #incredible #beautifuldestinations #fun #trekking #mountains #Himalayas #trek pic.twitter.com/Deo2bgzIoY
— Offroads India (@offroadsindia) November 23, 2017
Поединци сметале дека тоа се остатоците од кашмирскиот генерал Зоравор Син и неговите луѓе, кои исчезнале на Хималаите во 1841 година, врајќајќи се од битка од Тибет.
Сепак, се докажало дека коските се многу постари, па појавиле се нови претпоставки. Една од нив била дека се работи за коските на индискиот војсководец Мухамед Туглак, која во 14 век е поразена од Кинезите во борбата за границата на Хималаите.
Кога било утврдено дека се постари и од тоа, многу антрополози се свртеле кон теоријата дека тоа се коски на луѓе кои настрадале од непозната епидемија или се жртви на ритуално самоубиство.
Дури пред 10 години тим од научници успеале да утврдат што навистина се случило на езерото Рупканд далечната 850 година пред новата ера.
El misterio de Roopkund, el lago helado que escupe restos humanos una vez al año https://t.co/DRm0eSTs44 vía @Gizmodo_ES
— … (@unAmargado_mas) December 2, 2017
The Mystery of Skeleton Lake. You won’t be disappointed. Lots of skeletons. Lots of mystery! http://t.co/zcV6zRsUW2 pic.twitter.com/UAXTd4kzUc
— David Plotz (@davidplotz) July 7, 2015
Во реконструираната верзија на настаните, околу 500 припадници на култот Нанда Деви дошле до езерото во потрага по свежа вода. Тука ги снашло невреме од кое немало каде да се сокријат. Притоа страшното невреме со град ги погубило сите. Дел од скелетите во езерото на себе имаат недопрена облека и коса.
извор:маркукуле.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.