| четврток, 6 декември 2018 |

Мистерија: Исчезна Мис Хондурас!

Деветнаесет годишната Марија Хосе Алворадо која е и Мис Хондурас и нејзината сестра, исчезнале неколку дена пред натпреварот за Мис на Светот 2014 година во Лондон, пишуваат странските медиуми.

mis-honudras-policiska-potraga-01

Тие две последно се видени  на роденденска забава на нивна пријателка во Санта Барбара, а полицијата веќе со денови трага по нив.

mis-honudras-policiska-potraga-03

Мајката на девојките, Тереса де Хесус, вчера порачала: “Отворете ги вашите срца и разберете ја мојата болка”. “Има семоќен Бог кој гледа сè, и се надевам дека ќе бидат ослободени”, рекла таа.

Инаку, Санта Барбара е американски град во кој во последното време е многу висока стапка на криминалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top