Мајката на популарната пејачка Ријана е бесна заради фактот дека разголените фотографии на нејзината ќерка се појавија на интернет и во магазините. Две такви фотографии направи пријателката на Ријана, Мелиса Форд, и ги објави на Инстаграм.
-Не се плашам од никој на светот, но се ужаснувам од мајка ми. Ми се јави пред два дена во врска со фотографиите кои ги објави мелиса, полуде и се истури на мене. Ми беше незгодно – раскажа Ријана за магазинот “Elle”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.