ВМРО-ДПМНЕ останаа доследни и принципиелни на своите ставови. Во СДСМ ниту раководството има контрола врз претседателот, ниту претседателот има контрола врз раководството, смета Панде Колемишевски член на СДСМ во емисијата на Миленко Неделковски.
-Само неколку часа пред да биде постигнат договорот, потпретседателот на СДСМ, Јовановски изјави дека дефинитивно е дека ќе одат на бојкот. Мојата партија СДСМ скоро за ништо нема дециден став и став кој ќе го издржи до крај. Таа болест на таа партија е многу одамна и тоа е дел кој покажува до каде одат работите. Овој пат сосема појасно се покажа дека претседателот на СДСМ после толку избори и толку порази, е човекот кој никогаш не може да го победи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, рече Колемишевски.
Колемишевски смета дека Црвенковски треба да им се извини на исклучените членови од СДСМ.
-Ако има доблест СДСМ, ако има доблест раководството на таа партија, таа треба да им се извини и на Стевчо Јакимовски и на Димитар Бузлески и на Гоце Величковски и на сите оние кои се залагаа партијата. Ако сака СДСМ да биде вистинска партија, партијата треба да им се извини на нив, а не како што прави сега. Истите кои до завчера зборуваа дека Јакимовски може да го победи Коце Трајановски, сега тој излегува противник. Таа партија секогаш страда од ситни игри на ситни души. Тоа за жал, остана партија на ситни души, додаде Колемишевски.
-Иако сум член на таа партија, ова ги преминува сите граници на еден морал во политиката. До овие граници никогаш никој не дошол или јас не помнам, заклучи Колемишевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.