| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: Ќе има сериозни инвестиции за Коридорот 8

 kori

– Коридорот 8 претставува еден  од стратегиските приоритети во транспортната инфаструктура за следниот среднорочен период  и  во таа насока планираме да вложиме сериозен износ средства – изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, одговарајќи на новинарски прашања.

Според Ставрески, со вчерашната објава од Европската банка за обнова и развој дека се одобрени 145 милиони евра за втората фаза од пругата кон Бугарија, од Белјаковце до Крива Паланка, се обезбедени средства и реализацијата на пругата ќе продолжи непречено.

–  Тоа  ќе претставува главната алтернативна опција за транспортот во однос на постојниот Коридор 10. Очекувам во следниот период, исто така, да се интензивира и градбата на патот од Кичево до Охрид и Струга и источниот автопат од Скопје до  Штип, така што во целина и Коридорот 8 и  краците на Коридорот 8 ќе бидат во фокусот на Владата за следните три-четири години и ќе има сериозни инвестици во тој дел – рече Ставрески, по потпишувањето на договорот за проектот за модернизација на патарините по Коридорот 10.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top