| четврток, 6 декември 2018 |

Најпознатиот готвач на светот, Рене Реџепи доаѓа во Охрид?

rene-redzepi-noma

Сопствениот на најдобриот ресторан во светот „Нома“ и еден од најпознатите светски готвачи Рене Реџепи, кој има македонско потекло, се очекува да дојде на охридската ривиера во текот на 2015 година, објави „Охридњуз“.

Од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид велат дека контактите ги направиле во рамки на Проектот за развој на туризмот, кој го реализираат со помош на специјализираната агенција на Обединетите нации „УНИДО“.

-Ние веќе имаме потпишано договор со „УНИДО“ и работиме на Проект за развој на езерскиот и винскиот туризам. Како главна цел во рамки на овој проект е рализирање на идејата да го донесеме Рене Реџепи како гостин на факултетот. Контактот е веќе воспоставен преку претставниците на „УНИДО“ и чекаме секој момент информација за тоа кога познатиот готвач има слободен термин во својата агенда, во текот на наредната година – изјави професорката Ангела Василеска од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.

Реџепи (37) има македонско потекло, од тетовското село Џепчиште. Татко му е Албанец, а мајка му Данка. Во детството многу често престојувал во Џепчиште и, како што изјавува самиот, овие македонски искуства му оставиле силен впечаток и претставуваат значајна инспирација во неговото готвење.

Noma_entrance

Во 2011 година е избран за најдобар готвач на светот, а неговиот ресторан „Нома“, кој е лоциран во Копенхаген, Данска веќе неколку години по ред ја добива титулата најдобар ресторан во светот и е носител на Мишленови ѕвездички. Во 2012 година Реџепи е прогласен за 11. највлијателен човек во светот, а се има појавено на насловната страница на весникот „Тајмс“. Рсторанот „Нома“ има само 45 места за седење и постојано долга листа на чекање со гости од целиот свет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top