Бројот на странци што работат во Белгија од година во година расте. Според официјалните податоци на Статистичкиот завод ОНС, бројот на странски работници сега е 425.111, што е за 19 отсто повеќе од 2012 година.
Најголемиот број привремено вработени страници во Белгија го сочинуваат Холанѓани, а веднаш зад нив се Полјаци, која бројка од 20.636 од 2012 година е зголемена на 90.225.
Во последните две години, најголем раст на работна сила од 85 отсто доаѓа од Португалија, која е зафатена од економската криза.
Белгија, инаку, има околу 11 милиони жители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.