Во рамките на манифестацијата за одбележувањето на 70 години од ослободувањето на град Скопје (1944 – 2014) во Музејот на град Скопје е поставена изложба на дела работени на 9. Meѓународна ликовна изложба „Скопје 2014“.
Ликовната колонија е во организација на Град Скопје, Музејот на град Скопје и Хотел „Солун“, и се одржа од 20 до 30 август 2014 година во хотелот „Солун“, Скопје. Оваа година на своите ликовни дела свој потпис оставија десет академски ликовни уметници, припадници на различни генерации и творечки определби, кои живеат и создаваат во различни средини. Тоа се пет ликовни уметници од Македонија и пет од странство: Татјана Манева, Валбона Атанасовска, Дејан Иванов, Коста Клифов и Гоце Илиевски од Македонија; Ѓулај Инче од Турција, Клаудија Шефлер од Германија, Роман Кисјов од Бугарија, Зоран Илиќ од Србија и Александар Вукотиќ од Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.