| четврток, 6 декември 2018 |

Децата на Робин Вилијамс наследуваат 50 милиони долари

photo_verybig_1356060

По смрта на Робин Вилијамс во август оваа година, неговите деца ќе наследат 50 милиони долари.

Актерот најголем дел од наследството оставил на своите синови Зак и Коди, и на ќерка Зелда. Според тестаментот, неговата трета сопруга Сузан, ќе го добие предвиденото со нивниот предбрачен договор од 2011 година.

Резултатите од аутопсијата на Робин Вилијамс, објавени минатата недела, потврдија дека тој се самоубил и дека пред смртта земал лекови. По неговата смрт се дозна дека тој бил болен од Паркинсова болест, како и дека многу години се борел со вознемиреност, депресија и параноја.

Извори блиски до покојниот актер, рекле дека клучен фактор за неговата смрт бил синдромот кој се јавува кај Паркинсоновата болест и предизвикува халуцинации.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top