По смрта на Робин Вилијамс во август оваа година, неговите деца ќе наследат 50 милиони долари.
Актерот најголем дел од наследството оставил на своите синови Зак и Коди, и на ќерка Зелда. Според тестаментот, неговата трета сопруга Сузан, ќе го добие предвиденото со нивниот предбрачен договор од 2011 година.
Резултатите од аутопсијата на Робин Вилијамс, објавени минатата недела, потврдија дека тој се самоубил и дека пред смртта земал лекови. По неговата смрт се дозна дека тој бил болен од Паркинсова болест, како и дека многу години се борел со вознемиреност, депресија и параноја.
Извори блиски до покојниот актер, рекле дека клучен фактор за неговата смрт бил синдромот кој се јавува кај Паркинсоновата болест и предизвикува халуцинации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Богато семејство бара работници, платата е 150.000 долари
-
Војна за наследството на пoранешниот маж на Ивана Трамп: Мајката и чичкото сакаат да грабнат од синот
-
Вдовицата на Хју Хефнер е 60 години помлада и ја нема во тестаментот
-
Ќе има недостиг од долари надвор од САД, кредитите во светот ќе поскапат