Последниве месеци во Сплит се води бтика за милионското наследство на италијанскиот богаташ Рикардо Мазукели, кој во деведесетите години бил во брак во Ивана Трапм, поранешната сопруга на американскиот претседател Доналд Трамп.
Мазукели последните 16 години живеел во Хрватска каде инвестирал во ндвижнини и други бизниси. Кон средината на септември, на изненадување на неговите блиски, нагло се влошила задравствената состојба на Мазукели, а заради компликации со срцето, починал на 22 септември.
Смртта настапила изненадно, а Рикардо само десетина дена претходно бил во друштво на неговите пријатели и не помислувал дека нешто такво ќе се случи толку брзо, па и не оставил тестамент, пишува „Јутарњи лист“.
Тој во Сплит поседувал стан на 250 квадрати, деловен простор, апартман од 43 квадрати и уште неколку станови и грасоњери во центарот на градот. Низ Хрватска имал и други недвижнини, глисер долг девет метри и неколку автомобили, меѓу кои еден џип „Хамер“ и Ролс Ројс на британски таблички.
Право на наследство би требало да има единствено неговиот син единец од првиот брак, Феделе Мазукели (51), но во војната за наследството се уклучиле и неговата мајка, Стилијана Метакса како и неговиот чичко Алберто Мазукели.
Несложни браќа
Помалиот брат Алберто од 1993 година во Африка ја водел семејната фирма која му ја препуштил Рикардо, но уште од 2004 години, кога Рикардо почнал да купува недвижнини во Сплит, тие биле во лоши односи.
Стела Метакса пак била во брак со Рикардо цели 22 години, а со него живеела во раскошните палати во Лондон и Замбија. Синот на Рикардо, Феделе, со години живее и работи во Грција.
Кражби, закани и манипулации
Сплитската адвокатка Андреа Цвитановиќ, која го застапува синот Феделе во овој случај, објаснува дека против него како единствен легален наследник му се спротиставуаат неговата мајка и чичко, кои на различни начини вршат притисоци и закани кон неа, па била приморана од септември до денес да поднесува неколку пријави во полицијата заради вознемирување, здружување за придовивање протвправна имотна корист, тешки кражби и закани.
Така синот и неговиот адвокат веќе неколку месеци се во битка со неговата мајка, чичко и нивниот адвокат.
Метакса веднаш по погребот на Рикардо организирала состанок со една од блиските соработници на нејзиниот поранешен маж, Јасмина Панковиќ. Како што потоа се дознало, таа имала клучеви од неколку од неговите апартмани и му била човек од доверба на Рикардо, по што тие две менувале брави и ја собрале целата деловна документација на Рикардо.
Ситуацијата уште повеќе ја искомплицирал фактот што тој како странец во Хрватска цели 5 недели по смртта не му бил издаден извод од матичната книга на умрените, што дополнително ја пролонгирал оставинсакта постапка.
Живот на висока нога
Рикардо Мазукели во 60-тите години од минатиот век бил страствен колекционер на најскапите автомобили. Преферирал „Ролс Ројс“ и „Ферари“. Живеел во Замбија, Монте Карло, Прага, Њујорк…
Со шест години од него помладата Ивана Трамп бил во краток брак од 22 месеци. По разводот Рикардо го отворил познатиот ресторан во Њујорк „Флоријан“, кој потоа му го продал на тогашниот градоначалник на Њујорк. Местото се уште е многу популарно мешу градската елита.
Рикардо Мазукели, по негова сопствена желба, бил погребан во Јабланaц, на земјиште во непосредна близна на локалната црква и со поглед на Јадранскотот море. Овој имот тој го купил во 2009 година каде самиот изградил гробница од африкански црн гранит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.