| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе има недостиг од долари надвор од САД, кредитите во светот ќе поскапат

bankruptcy business. money plane crash in water

 

Kога две големи меѓународни организации зборуваат за ист проблем, инвеститорите треба да внимаваат. А кога предметниот проблем е ризик од недостиг на долари надвор од САД, можеби секој треба да му обрне внимание, пишува „Фајненшл тајмс“ (ФТ).

Потенцијална опасност

Во последните публикации и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Банката за меѓународни порамнувања (БИС) го посочуваат оваа како потенцијална опасност, наведува весникот. Банкарски аналитичари и инвеститори исто така почнуваат да разговараат какви би биле последиците од постоењето помалку долари, особено за новите пазари, со оглед на тоа дека американските федерални резерви ги отвораат вратите за дополнително намалување на мултибилионската програма за стимулации преземена по финансиската криза.

Намалувањето на достапност на доларите би ја зголемило цената по која ќе може да се добива американската валута надвор од САД. Поплавувањето на пазарот со долари по 2008 година ги зголеми цените на активата и ги намали трошоците за кредитирање на глобално ниво, а истовремено го помогна развојот на нови пазари, како што се меѓународниот пазар за деноминирани во долари обврзници во Азија, на кој оваа година беа измерени рекордни количини искористени средства, пишува ФТ.

Во последно време дискусијата за намалување на доларите излегува на дневен ред откако претставници на ФЕД почнаа да зборуваат за намалувањето на билансот за 4,5 билиони долари на американската централна банка, што најверојатно ќе започне подоцна оваа година. Откако Федералните резерви ги забавија купувањата на државни и други хартии од вредност, доларите кои практично беа во пазарите во светот преку овие договори ќе почнат да исчезнуваат.
dolari berza
Најпогодени земјите во развој

– Затегањето на количината долари е интересна тема. По финансиската криза, САД неверојатно ја олеснија монетарната политика. Ако САД влегуваат во период на затегање, остатокот од светот ќе биде принуден да го преземе истото – и тоа ќе биде интересен експеримент за луѓето што извлекоа најмногу придобивки од деценијата на лесни пари, вели Џејмс Монтие од друштвото ГМО.

Во прилог на ова оди и фактот дека поголемо количество долари ќе биде вратено назад кон САД и по линија на евентуална даночна амнестија од Вашингтон, која би дозволила на американските компании, кои ги преселија централите надвор од земјата, да репатрираат стотици милијарди (или дури билиони според министерот за финансии Стивен Мнучин) долари од профитот создаден надвор од САД со цел да се избегне оданочувањето со високи даноци на домашниот пазар. Според разни студии, повеќето од овие средства се во долари, посочува ФТ.

Евентуалното повлекување долари ќе влијае особено силно врз Азија. За секои 100 долари од програмата за квантитативни олеснувања на ФЕД, 15 долари оделе кон пазарите на континентот, а вкупната сума достигнала 500 милијарди долари, пресметува Самир Гоел од Дојче банк.

– Ако затегањето на политиката почне во 2018 година, како што мислиме, прв пат по многу години ќе имаме намалување на билансот. Во најлош случај тоа би можело сериозно да влијае на пазарите во развој и повлекувањето големи количини средства може да доведе до негативни ефекти во однос на ликвидноста и движењето на цените – вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top