Даниел Кајмакоски им запеа на фудбалерите во новиот видеоспот во копродукција со Фудбалската федерација на Македонија, а пораката е „верувај во себе“.
Момчето, што со одличниот глас и настапи ги освои срцата на публиката, е заштитно лице на фудбалската репрезентација на Македонија.
„Верувај во себе“ е новиот спот на фудбалска тема на Кајмакоски, снимен пред мечот со Словачка. Лидерот во нашата група ќе ни гостува на арената „Филип Втори“ в сабота, а дуелот од четвртата рунда ќе почне во 20.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.