| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 56 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Пакистан

_78903827_78903826

Најмалку 56 лица загинаа во судар меѓу автобус и камион во јужен Пакистан. Несреќата се случи во близина на градот Хаирпур во јужната провинција Синд.

Автобусот, кој патувал за економската престолнина Карачи од градот Сват, во северозападен Пакистан, навлегол во спротивната лента и се судрил со товарен камион.

Меѓу загинатите има 17 жени и 18 деца, изјави претставник на локалната полиција. Осумнаесет патници се повредени, од кои тројца се во тешка состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top