Најмалку 56 лица загинаа во судар меѓу автобус и камион во јужен Пакистан. Несреќата се случи во близина на градот Хаирпур во јужната провинција Синд.
Автобусот, кој патувал за економската престолнина Карачи од градот Сват, во северозападен Пакистан, навлегол во спротивната лента и се судрил со товарен камион.
Меѓу загинатите има 17 жени и 18 деца, изјави претставник на локалната полиција. Осумнаесет патници се повредени, од кои тројца се во тешка состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун