Во Гевгелија денеска се одржа форум на кој претставници од Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување ги запознаа работодавачите со новите владини мерки за вработување на лица активни баратели на работа до 29 годишна возраст, а беа презентирани и подобрите владини политики на подршка за повеќе вработувања во бизнис секторот.
Работодавачите и младите луѓе се запознаа со активните програми за вработување и поволностите што се нудат за самовработување преку кредитите што ги нуди Владата на Република Македонија.
Организаторите на форумот потенцираа дека целта на овие активни програми и мерки е да се создаваат и креираат можности за сите невработени лица, но и да се поттикнат сите оние кои што имаат сопствен бизнис,идеја или концепт за развој на сопствена компанија да се активираат и да го стават акцентот на младите невработени лица преку искористување на поволните кредитни линии
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се руши „Скопски Саем”: Албанскиот инвеститор урива без дозвола?
-
ДЗСИ ги проверува картоните кај матичниот лекар и гинеколог на родилката од Гевгелија која почина на КАРИЛ
-
Турскиот млазен авион „Хурџет“ претставен на авиосаем во Велика Британија
-
Tрагедија во Гевгелијa: Во сообраќајка загина 27-годишно момче, лекарите се борат за животот на сопатникот