Агим Ибраими има пневмонија не настапи за Марибор против Крка во словенечкото првенство и нема да игра ниту за Македонија против Словачка во сабота на „Филип втори“ во квалификациски меч за пласман на ЕП во Франција 2016 година.
Ибраими постигна прекрасен гол против Челси во Лигата на шампионите, потег што е прогласен за најубав во четвртото коло од елитното натпреварување, но потоа дојдоа проблемите. И на тој дуел македонскиот репрезентативец играше по специјалниот лекарски третман поради настинка.
Агим сигурно нема да игра против Словачка, иако е на поширокиот список на селекторот Бошко Ѓуровски и сигурно ќе беше стартер против лидерот на табелата во нашата група, па останува да се види дали ќе биде повикан нов фудбалер место играчот на Марибор и една од главмите алки во македонската репрезентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



