| четврток, 6 декември 2018 |

ЖРК Вардар со водство по првото полувреме против Подравка (15-10)

Во четвртото коло од ракометната Лига на шампиони во женска конкуренција, македонскиот шампион ЖРК Вардар пред повеќе од 4000 љубители на ракометот во СЦ „Јане Сандански“ води со 15-10 по првото полувреме. Резултатот не ја отсликува вистинската состојба на теренот. Вардарки полетно брзо на моменти и атрактивно го напаѓаа голот на Младеновиќ по првиот дел. Подравка постигна 10 голови на истекот на нивниот напад и од удари од седум метри.
Неефикасноста на вардарки во првите 25 минути кога успеаја да постигнат само десет голови се должи на добрите одбрани на Младеновиќ и неколкуте грешки при додавањата во контранапад.

vardar-turinger-12

Најдобриот поединец на „црвено-црните“ како и во претходните три натпревари е капитенот Ина Суслина која од десет одбрани успеа да фати три седмерци од пет удари. Индира Кастратовиќ овој натпревар како и што најави акцент стави на одбраната каде во првите 30 минути одлично одиграа Кликовац, Пенезиќ и Дембеле.
Дури осум ракометрки се запишаа во листата на стрелците. Нив ги предводат Дембеле и Радичевиќ со три гола.
Во подравка ниту еден играч нема постигнато повеќе од два гола. Малденовиќ успеа да фати пет топки и тоа во првите 15 минути од натпреварот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top