| четврток, 6 декември 2018 |

Шампионот на потврди доминацијата, Роси со најдобар резултат од 2009 година

Старо-новиот шампион во мотоциклизам Марк Маркез победи на последната трка од овогодишниот шампионат и ја потврди супериорната сезона во која го собори рекордот на Мајк Дуан од 12 победи. Маркез сега има 13 и втора година по ред е шампион во МотоГП класата.
Тој ја потврди титулата уште пред три трки во Австралија. Денешната трка беше последна во календарот и традиционално шампионатот се затвора во Валнсија. Младиот Шпанец извозе рутинска трка и беше спремен да дојде до првото место откако уште во десеттиот кург дојде до лидерското место кое без проблем го задржа до крајот.
Втор низ целта мина Валентино Роси иако оваа трка ја започна од пол-позицијата.
Пред оваа трка Роси имаше 12 бодови предност пред клупскиот колега на Јамаха поранешниот светски шампион Хорхе Лоренцо кој не ја заврши трката. Со ова второ место Роси ја потврди добрата форма и по 2009 година кога ја освои својата деветта титула оствари најдобар резултат во една сезона.

И помладиот брат на Марк Маркез, Алекс се заќити со шампионската титула во класата до 125 кубни сантиметри односно во Мото3 шампионатот.
На Алекс Маркез му беше потребно место на подиумот пред трката во Валенсија и тоа го оствари. Тој заврши трет и со два бода предност во генералниот пласман се заќити со шампионскиот пехар.
Тој следната година ќе премине една класа погоре односно ќе вози во Мото2 шампионатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top