Во среда, 12 Ноември, во галеријата Чифте амам, се отвора четиринаесеттото меѓународно биенале на фотографската уметност – Фотомедиа, во организација на Фото Клуб Елема од Скопје. На изложбата ќе бидат претставени околу 150 фотографии од сите седум континенти.
Добитник на овогодинешното гран при е Аугунас Ромуладас од Литванија, традиционално за денот на градот Скопје, наградата како покровител ја доделува Град Скопје.
Како куриозитет на оваа Фотомедиа, додека се разгледуваат фотографиите, ќе биде пуштана музика која е софтверски генерирана од имињата на сите автори кои испратиле свои дела на изложбата, имињата на нивните дела и имињата на сите вклучени во процесот на подготовка на оваа Фотомедиа.
Изложбата ќе ја отвори академскиот сликар Сергеј Андреевски а потоа следува традиционалната Фотомедиа журка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Старо верување: Знаете ли зошто не треба да чувате во домот фотографии на починатите?
-
Изложба на фотографии под наслов „Во моите чевли“ во „Мала станица“
-
Звучните уметници Тони Димитров и Мартин Георгиевски на првото Биенале на западен Балкан
-
Вечерва се отвора изложбата на фотографии „Ѕидови за вас прекрасни луѓе“ на Роберт Јанкулоски


