| четврток, 6 декември 2018 |

В среда 14 биенале „Фотомедиа“

photomedia-pokana-2 finalnaВо среда, 12 Ноември, во галеријата Чифте амам, се отвора четиринаесеттото меѓународно биенале на фотографската уметност – Фотомедиа, во организација на Фото Клуб Елема од Скопје. На изложбата ќе бидат претставени околу 150 фотографии од сите седум континенти.

,1Добитник на овогодинешното гран при е Аугунас Ромуладас од Литванија, традиционално за денот на градот Скопје, наградата како покровител ја доделува Град Скопје.

Како куриозитет на оваа Фотомедиа, додека се разгледуваат фотографиите, ќе биде пуштана музика која е софтверски генерирана од имињата на сите автори кои испратиле свои дела на изложбата, имињата на нивните дела и имињата на сите вклучени во процесот на подготовка на оваа Фотомедиа.photomedia-pokana-4 finalno

Изложбата ќе ја отвори академскиот сликар Сергеј Андреевски а потоа следува традиционалната Фотомедиа журка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top