Бројот на заразени лица од ебола во Западна Африка се искачи на 13.268, што е за приближно 200 лица повеќе од извештајот од пред два дена, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Од ебола починале 4.960 лица, но СЗО посочува дека без сомнение бројката е повисока.
– Епидемијата од ебола различно се развива во земјите од регионот, во некои успорува, а во некои се интензивира, наведуваат медицинските експерти.
Од еболата најпогодена е Либерија, каде се регистрирани 6.619 пациенти од кои 2.766 починале, додека во Сиера Леоне инфицирани се 4.862 лица, а починале 1.130.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.