| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите во ИД заминуваат со брод

Funeral for killed Palestinian field commander during ceasfire
Џихадистите што сакаат да се приклучат во редовите на групацијата Исламска држава во последно време претпочитаат да патуваат со брод до турскиот град Измит, од каде што заминуваат за Ирак и за Сирија, покажуваат податоците на Интерпол.

Претставници на Интерпол тврдат дека поради засилената контрола на турските власти на аеродромите и автопатиштата изминатите три месеци џихадистите од целиот свет почнале да патуваат со патнички бродови до градот Измит.

Турските власти изминатите месеци задржаа на аеродромите и на автопатиштата стотици осомничени џихадисти, кои потоа биле депортирани од Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top