Министерството за внатрешни работи проверува која е организацијата што ја презеде одговорноста за нападот на Владата што се случи на 28 октомври. Оттаму ќе излезат со дополнителни информации откако најпрво ќе проверат за која организација се работи.
„Ослободителна народна армија“ ја презеде одговорноста за нападот на Владата што се случи на 28 октомври. Преку соопштение испратено до албанската телевизија АЛСАТ-М, се тврди дека тие стојат зад нападот со гранати кои ја пробија и оштетија надворешната фасада.
– Вечерта на 28 октомври од 20.30 до 21 часот елитната единица „ Хасан Приштина“ во координирана акција ја погоди зградата на влада. Времето на нападот е избрано за да се спасат човечки жртви – стои во соопштението потпишано од извесен Куштрим.
Исто така, се додава дека оваа организација не е задоволна како се спроведува Охридскиот рамковен договор и, според нив, единствено евроатланската интеграција на регионот може да доведе до проспертитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.