| четврток, 6 декември 2018 |

Марко Јариќ најде замена за сексапилната Адријана Лима?!

Марко Јариќ

Марко Јариќ

Јариќ и Зорана, наводно, се запознале уште летото, пред кошаркарот да се разведе со Адријана Лима.

– Почнаа да се гледаат во јуни, само еден месец по неговиот развод од Лима. Често беше во друштво на сестрата Тамара и нејзината колешка Зорана, која од самиот почеток покажуваше симпатии кон него – изјавува анонимен извор.

Сѐ почесто излегувале заедно и се обидувале од најблиските да сокријат дека ги поминале границите на пријателство.

Зорана Јовановиќ

Зорана Јовановиќ

Модната блогерка Зорана Јовановиќ, позната под името Зораннах, ја потврдила информацијата дека излегуваат заедно и дека нема ништо повеќе од тоа помеѓу нив.

– Не сум виновна за неговиот развод, не сум растурачка на бракови. Со него ме запозна неговата сестра по една ревија и точно е дека сме излегле неколку пати – вели Зорана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top