| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе ви се заврти во глава од хонорарот на Северина за новогодишната ноќ

Северина

Северина

Хрватската поп пеачка Северина, уште еднаш докажа дека е еден од најценетите уметници на Блканот, па така за новогодинешниот настап ќе добие позамашен хонорар.

Северина е ангажирана да настапува во еден клуб во Пореч, кој за нејзиниот настап ќе одвои неверојатни 50 000 евра. Пеачката својот настап во овој клуб го договорила уште летото, кога таму имала низа настапи.

Колку Северина му значи на овој град, кажуваат и зборовите на градоначалникот Еди Штифаниќ, кој истакнал дека тој е повеќе од задоволен дека таа токму во Пореч ќе ја помине најлудата ноќ.

Северина успеала да земе најголем хонорар на Балканот, кога станува збор за дочек на Нова година, со оглед на тоа дека Цеца до сега го држеше рекордот од 30 000 евра за настап.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top