Како што објави „Република“ пред два дена, селекторот на македонската ракометна репрезентација, Хрватот Ивица Обрван, ќе седне на клупата на францускиот прволигаш Шамбери.
Шамбери беше во потрага по нов тренер откако Марио Кавали го напушти клубот. Управата на францускиот тим соопштува дека во комбинација биле повеќе тренери, но одлуката паднала токму на Обрван бидејќи резултатите со репрезентацијата на Македонија се за почит.
– Во комбинација беа повеќе тренери. Одлуката падна на Обрван заради неговата визија за модерен ракомет, како и желбата за работа и успех. Се надеваме на успешна соработка во годините што следат – изјави генералниот менаџер на Шамбери, Лорен Муние.
Шамбери во францускиот шампионат се наоѓа на шестото место со девет освоени бода, пет помалку од лидерот Монпелје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.