| четврток, 6 декември 2018 |

Убиени шеф на безбедност во Мексико и неговата сопруга

Регионалниот шеф за безбедност на мексиканската сојузна држава Тамаулипас, Рикардо Нино Виљареал и неговата сопруга се убиени додека патувале со автомобил кон соседната држава Нуево Леон, соопштија локалните власти.

Брачната двојка Виљареал паднала во заседа при што биле убиени додека патувале со автомобил кон Нуево Леон, а, возилото било забележено од случајни минувачи, кои ја информирале полицијата.

Виљареал бил шеф за безбедност во областа околу градот Нуево Ларедо, која се смета за упориште на злогласниот нарко-картел Зета, кој е во судир со нарко-картелот Гулф.

Околу 2.000 жители на Тамаулипас се собрале во Суедад Викторија, главниот град на оваа мексиканска држава, протестирајќи поради убиствата и исчезнувањето на луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top