| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Христина Зафировска во КИЦ

unnamed

Во организација на Културно информативниот центар (КИЦ) од Скопје, утре, на 4 ноември, во 20 часот, во Изложбениот салон – Империјал 2 ќе се отвори изложбата “WO-MAN” на академската уметница Христина Зафировска.

Авторката има дипломирано на Факултетот за ликовна уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на смер сликарство со графички дизајн. Моментално е магистрант на Факултетот за дизајн и мултимедија во Скопје-насока графички дизајн. Работи во полето на сликарството, графичкиот дизајн, инсталацијата, цртежот, фотографијата и видеото.

– Проектот на Зафировска нуди една лична критика на сѐ повулгарната експлоатација на жената во маркетинг-индустријата. Револтот на авторката произлегува од медиумските претстави за предвидената квазифункција на жената во општеството кои вршат еден вид секојдневна инфотортура и свесно наметнуваат норми за изглед и однесување. Наспроти сите декларативно добиени законски права што ги изедначуваат жените и мажите, сѐ понаметнато се случува манипулативно изместување на претставите за цивилизациските достигнувања, вредности, карактеристики што се позитивен пример на полова/родова еднаквост и за жал, во современите рекламни кампањи (базирани врз телесната појавност), речиси без исклучок, функцијата на жената се дефинира како синоним за репродукција и сексуалност – вели кураторката на проектот Маја Чанкуловска-Михајловска.

Изложбата ќе биде отворена до 15 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top