Најдобриот српски тенисер и моментно прв светски рекет, Новак Ѓоковиќ ја зголеми предноста на најновата АТП-листа во однос на второпласираниот Роџер Федерер.
Новак предноста ја зголеми благодарение на одбраната на титулата на мастерсот во Париз, но и поради раната елиминација на Роџер Федерер.
Ѓоковиќ со победата над Милош Раониќ го одбрани тронот во Париз и ги задржа освоените 1.000 бода од триумфот во 2013 година, па така сега на АТП листата има и 10.010 бода.
Федерер од друга страна беше елиминиран во четврт-финалето и бидејќи не успеа да го повтори ланскиот успех, кога стигна до полуфиналето, од 9.280 поени падна на 8.700.
Ѓоковиќ во моментов има 10.010 бодови, Федерер е втор со 8.700, а трет е Рафел Надал со 6.835 бодови, но Шпанецот веќе ја заврши сезоната.
Најдобрите тројца ги следат Станислас Вавринка, Кеи Нишикори, Енди Мареј и Томаш Бердих, додека најдобрата десетка на АТП-листата ја комплетораат Милош Раониќ, Марин Чилиќ и Давид Ферер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.