ВО третото коло од Лигата на шампионите во женска конкунреција македонскиот преставник ЖРК Вардар губи во Копривница од Подравка со 13-11. Избраничките на Индира Кастратовиќ никако да ја пронајдат формата од минатата сезона кога беа неприкосновени во групата токму против денешниот противник. Вардарки имаат проблем со реализацијата во нападот бидејќи во првите 15 минути постигнаа само три гола. Сепак по тајмаутот се соземаа одиграа неколку брзи контранапади и ја намалија предноста на домаќинот на само два гола. Во таборот на „црвено-црните“ по првиот дел се истакна новото засилување Андреа Пенезиќ со четири гола и капитенот на голот Ина Суслина со осум интервенции.
Во вториот дел се очекува вардарки да ја забрзаат играат и не дозволат никакво изненадување од аутсајдерот во нашата група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.