Лидерот на Комунистичката партија на Русија, Генадиј Зјуганов смета дека Русија би требало да ги признае изборите кои се одржуваат во самопрогласените републики Донецк и Луганск, а потоа и да ги призnае самите републики.
-Уште пред половина година реков дека треба да ги признаеме ДНР и ЛНР, бидејќи тоа се наши сонародници, особено што веќе одржаа референдум, целосно демократски и легален, рече Зјуганов.
Според лидерот на втората по големина пратеничка група во руската Дума, потребно е максимално да му се помага на наведениот регион, кој потоа самостојно би се развивал.
-Со нив треба да градиме односи за долго време, не плашејќи се притоа од Американците. САД и ЕУ никого не признаваат. Тие не ја признаваа 15 години советска Русија се до 1933 година. Не треба да се ориентираме на нив, рече Зјуганов.
-Се што е за нас лошо, ним им се допаѓа, рече лидерот на руските комунисти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.