Голманот на РК Вардар и српската ракометна репрезентација Страхиња Милиќ за српските медиуми ја објасни целата ситуација околку неговото отстранување од репрезентацијата.
– Ја искористија мојата емотивна слабост и ја свртеа вистината во своја корист – изјави Милиќ по остранувањето од репрезентацијата од селекторот Периќ.
Додека српската репрезентација се подготовува за денешниот натпревар против Израел во рамките од квалификациите за европското првенство 2016 година, Страхиња Милиќ миленикот на скопската ракометна публика продолжи со одговорите на српските новинари.
– Не сум исфрлен. Уште по натпреварот со Црна Гора решив да ја напуштам репрезентацијата и во седум наутро бев затекнат од меѓународната допинг контрола како излегувам од хотелот со своите работи. Во хотелот не дојдов во седумм туку во пет. Свесен сум за прекршувањето на кодексите на репрезентацијата, но веќе бев решен да си одам – изјави Милиќ.
– По победата со Црна Гора добивме слободен излез кој го искористија сите репрезетативци. Вечерта не бев сам, но не ми е јасно зошто селекторот нема ист аршин и према останатите кои дојдоа во хотелот во раните утрински часови. Дадов примероци за допинг контрола, и им реков да ме разбудат кога сите колеги ќе завршат за да потпишам и да си одам од хотелот – дополни популарниот Џамбо.
– Моментално репрезентацијата не ми е во прв план. Сега ми е во прв план пред семејството, пријателите, соиграчите и раководството на Вардар, Комитите и останатите луѓе да го поправам впечатокот за мене по изнесените невистини од селекторот Дејан Периќ – заврши Страхиња Милиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


