Слободан Унковски топло им препорачува на младите да си заминат од Македонија. Не се седело веќе овде. Инаку, Унковски беше министер во две влади на Бранко Црвенковски од 1996 до 1998 година. Тоа е време кога бројот на невработени во Македонија стигна до 330.000 (стапка од над 30 отсто, што беше историски рекорд), па за да се скрие катастрофата, тогашниот Завод за вработување ги фалсификува бројките.
Тоа е времето на ТАТ кога луѓето не си заминуваа од Македонија, туку се самоубиваа. Тоа е времето на приватизацијата, па кога подоцна Љубчо Георгиевски и неговата партија беа обвинувани дека се невидени апаши, тој обично одговараше дека за нив останале само 10 отсто, другите деведесет веќе биле украдени.
Kако и да е, човек некако ќе помине преку тоа. Ама чирот му пукнува кога тие што тогаш имале мека фотелја, сега дрдорат нешто. И демек делат лекции. Е, срам да се немало. Перница да не се купело, преку глава да се стави.
(извадок од колумната „Милан Бандиќ од нашето маало“ на Дарко Јаневски, „Дневник“ 31.10.2014)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дијаспората му порача на Заев: Треба да дадете неотповиклива оставка!
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Најавен студентски протест во Битола на „Млади за Македонија“: Во каква држава ќе живееме, од нас зависи!
-
Владата не реализирала ниту еден проект за младите


