Рок-легендата Боб Дилан објави дека ќе издаде нов, 36. по ред албум во 2015 година, откако неочекувано пушти насловна верзија на „Full Moon and Empty Arms“, песна на Френк Синатра.
Во вторник е премиерата на „The Basement Tapes Complete: The Bootleg Series, Volume 11“ – пакет од шест диска со обновени записи на Дилан со неговата група „Џа бенд“ од 1967 година.
На официјалната страница 73-годишниот музичар пуштил кратка порака: „ Боб Дилан , Shadows in the Night, нов албум, пристига во 2015 година“.
Уште во мај тој ги најави своите планови, објавувајќи на својот сајт слика со наслов „Shadows in the Night“, зад сини решетки во стилот на обвивката на албумот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.