Се појави, траеше една недела и згасна – тоа е дневниот весник „Политико“, кој се издаде под уредничката капа на Саше Ивановски – Политико. Имаше желба за дневен весник, доби шанса и ја загуби. Тоа изненади многмина затоа што чудно е тој што решил да финансира дневен весник да се откаже од идејата за само седум дена. Се шпекулираше дека лидерот на опозицијата Зоран Заев е финансиерот на „Политико“. Очигледно, тоа не е само шпекулација. По затворањето на дневниот весник се дозна и причината за секнувањето на финансиите. Вистината за замирањето на опозицискиот весник, според извори на „Република“, е повлекувањето на парите од страна на Заев. Тој решил да ги повлече сите спонзорства лут поради натпис во весникот што самиот тој го финансира. Ивановски објавил статија во која напишал дека брат му на Заев гради катни гаражи и други објекти низ Пирлеп и одлично функционира со вмровската локална самоуправа.
Инаку, затворањето на „Политико“ предизвика реакции од Бранко Геровски, уредникот на „Слободен печат“ и од новинарката Јорданка Ивановска – Јоци. Таа во својот статус посочи дека од „Политико“ дознала дека брат му на Заев си гради оргомна катна гаража во Прилеп. Ивановска напиша:
Го читам Героски, весникот на Саше го нарекува пропагандистичко ѓубре.
Можеби, но ако не беа и овие седум броја, јас немаше да дознаам дека брат му на Заев си гради оргомна катна гаража во Прилеп, во вмровска општина, односно дека бизнис-релациите на лидерот на СДСМ со оваа власт се одлични и хармонични до бесвест. Профитот на ниво. Едноставно кажано, тој е фигура во рацете на Груевски , сè друго е фарса. Затоа и опозицијата е таква каква што е – безживотна. Зошто би го уривал Груевски, кога баш сè му е тамам на човекот !?
Всушност, кога ќе размислам подобро, Сашево , со кој сериозно не се разбираме и не разговараме, да беше пропагандист, нечиј рекет-партнер, веројатно е дека ќе издадеше повеќе од седум броја и ќе тераше најмалку до година.
Ова го налути Геровски, кој почна да става статуси против Ивановска. Таа повторно врати, а меѓу другото, напиша:
Не му верувам на Саше, на неговите написи, па затоа и информацијата ја проверив кај неколку други луѓе, кои ми ја потврдија. Сепак, Саше до вчера беше прв перјаник на Заев, полна уста му беше фалби за него, го сликаше тесното раководство на СДСМ по паркови на состаноци, добиваше реклами од Жерновски, очигледно е дека ваквите информации ги добил и ги знае од прва рака.
Демократскиот капацитет на Заев
Ваквиот потег на Заев зборува за неговиот демократски капацитет. „Поборникот“ за некаква слобода на медиумите, и човекот што зборува за недостигот од слобода, за диктатура и за задушување на медиумите, укина медиум. Тоа е доволен доказ дека тој, веројатно, и не знае што е слобода на медиуми. Да укинеш нов медиум само затоа што напишал нешто (што и не е негативно) за член на твојата фамилија е надвор од какви било демократски рамки.
Но ова покажува и уште нешто. Семејството на Заев и неговите фирми и фирмите на неговите луѓе го водат бизнисот во Македонија сободно, без никакви сопки и тромозења. Братот на лидерот на СДСМ гради во општина каде што градоначалникот е од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Дали ова е карактеристика на една диктатура!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.