| четврток, 6 декември 2018 |

Завршени вештачењата на проектилите истрелани кон Владата, истрагата продолжува

nova-vlada

Завршено е балистичкото вештачење во врска со веројатноста за насоката од која се истрелани, како и на калибарот од остатоците на двата проектила што завчера вечерта беа истрелани кон зградата на Владата на Република Македонија и за тоа е информирано Јавното обвинителство.

Како што информираат од МВР, тие продолжуваат да работат по насоките на Јавното обвинителство за расчистување на овој случај.

Два проектилa завчера вечерта беа истрелани кон зградата на Владата на Република Македонија во Скопје. Едниот заврши во покривот, а другиот на источната фасада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top