| четврток, 6 декември 2018 |

Калинката е основен знак на Валандово низ вековите

Фон­та­на со ка­лин­ка е из­гра­де­на во цен­та­рот на Ва­лан­до­во во чест на сим­бо­лот на овој град, а се ор­га­ни­зи­ра и Ден на ка­лин­ка­та

Ва­лан­до­во се на­о­ѓа во ју­го­и­сточ­ни­от дел на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Грат­че­то е оп­кру­же­но со зе­ле­ни­ло, раз­но­ви­ден рас­ти­те­лен свет и уба­ви пеј­за­жи. Жи­те­ли­те ве­лат де­ка има­ат 260 сон­че­ви де­но­ви во го­ди­на­та, а ме­ди­те­ран­ска­та кли­ма овоз­мо­жу­ва, освен ло­зарс­тво­то и раз­но­вид­ни­те гра­ди­нар­ски кул­ту­ри, да се одг­ле­ду­ва­ат и ме­ди­те­ран­ски про­из­во­ди, ка­ко: смо­кви, ба­де­ми, мас­лин­ки, но нај­рас­про­стра­не­ти се ка­лин­ки­те и ја­пон­ски­те ја­бол­ка. Ко­га го по­се­тив­ме Влан­до­во не­ма­ше двор ка­де што не бе­ше за­са­де­но ба­рем по ед­но од овие дрв­ја. Беа пре­пол­ни со пло­до­ви.

Reportaza112-2

– Се­га се бе­рат ја­пон­ски­те ја­бол­ка и ка­лин­ки­те. Оде­те по ули­ца­та на­до­лу и ќе ви­ди­те це­ли др­во­ре­ди – нѐ упа­ти ед­на жи­тел­ка на Ва­лан­до­во.

На­ви­сти­на, гран­ки­те беа пре­пол­ни со пло­до­ви, а ва­лан­дов­ча­ни пло­до­ви­те со за­до­волс­тво им ги ну­дат на сво­и­те го­сти. Тие ду­ри на­пра­ви­ле и фон­та­на со ка­лин­ка во цен­та­рот на Ва­лан­до­во, а во чест на сим­бо­лот на овој град, ор­га­ни­зи­ра­ат и Ден на ка­лин­ка­та.

– Са­мо во Ва­лан­до­во мо­же да се срет­не ка­лин­ка­та со се­дум раз­лич­ни бои, со се­та бла­го­твор­ност, гра­ци­о­зен изг­лед и не­над­мин­ли­ва ли­чо­та. Ка­лин­ка­та би­ла и оста­на ос­нов­на­та ег­зи­стен­ци­ја и за­шти­тен знак на ва­лан­дов­ча­ни низ ве­ко­ви­те – ве­ли Мир­чо Ка­ра­му­чов.

Reportaza112-3

За на­ста­но­кот на Ва­лан­до­во не­ма до­вол­но из­во­ри, но се знае де­ка за прв­пат се спо­ме­ну­ва во пис­ме­ни­те исто­ри­ски из­во­ри во де­сет­ти­от век, под име­то Ва­лан­дер.

Во Ва­лан­до­во се рас­ка­жу­ва ле­ген­да­та за до­а­ѓа­ње­то на Кра­ле Мар­ко. Ед­наш на вра­ќа­ње од Бе­ла­си­ца во При­леп, спо­ред ле­ген­да­та, Кра­ле Мар­ко го за­прел ко­њот под Ку­ла­та за да се од­мо­ри. Пред не­го се рас­пос­ла­ла жи­во­пис­на­та Ва­лан­дов­ска Кот­ли­на и тој го за­др­жал пог­ле­дот врз цр­ква­та „Св. Ѓор­ѓи“. Вле­гол во хра­мот и му се по­мо­лил на Бо­га, а по из­ле­гу­ва­ње­то од цр­ква­та оста­нал да се од­мо­ри во уба­ви­от пре­дел на пла­ни­на­та Пла­вуш, ме­ѓу ма­на­стир­ска­та цр­ква и Исар – Мар­ко­ва­та ку­ла. От­ту­ка ги наб­љу­ду­вал жи­во­пис­на­та Ва­лан­дов­ска Кот­ли­на, во­до­те­ци­те на Вар­дар и на Ан­ска Ре­ка. По­тоа го про­дол­жил па­тот кон се­ди­ште­то на не­го­во­то кралс­тво. Спо­ред ед­но пре­да­ние, по­доц­на тој из­гра­дил ку­ла над хра­мот „Св. Ѓор­ѓи“, ко­ја во не­го­ва чест е на­ре­че­на Мар­ко­ва ку­ла.

Reportaza112-5

Де­неш­на­та ма­на­стир­ска цр­ква е не­до­вол­но атра­ктив­на. Таа е ма­ла по го­ле­ми­на, гра­де­на е од ка­мен.

– Оваа ед­но­ко­раб­на цр­ква со ни­зок свод, чи­ја­што пос­тве­ност е во на­со­ка исток-за­пад, ло­ци­ра­на е до бре­гот на ед­на на­дол­ни­на. Вна­треш­но­ста на ма­ла­та ма­на­стир­ска цр­ква е ис­пол­не­та со скро­мен фонд на ико­ни, сли­ки и др­вен ме­бел. Не­кои од ико­ни­те се изра­бо­те­ни по зем­јо­тре­сот во 1931 го­ди­на, кој ја раз­ур­нал цр­ква­та, но има и та­кви што се изра­бо­те­ни во по­но­во вре­ме – ни рас­ка­жа ед­на жи­тел­ка на Ва­лан­до­во.

Reportaza112-4

Во оп­шти­на­та Ва­лан­до­во по­сто­јат по­ве­ќе ар­хе­о­ло­шки на­о­ѓа­ли­шта, кои све­до­чат за бо­га­та­та исто­ри­ја на овој крај. Та­ка, во ми­на­то­то, таа би­ла дел од об­ла­ста Пе­о­ни­ја, за што по­сто­јат мно­гу­број­ни до­ка­зи. На про­сто­рот ка­де што де­нес се на­о­ѓа гра­дот Ва­лан­до­во се про­нај­де­ни оста­то­ци од рим­ска­та ан­ти­ка, кои се при­сут­ни во три­те зо­ни на ар­хе­о­ло­шки­от комп­лекс Ва­лан­до­во. Исто та­ка, во овој комп­лекс се про­нај­де­ни оста­то­ци од пе­он­ска­та ци­ви­ли­за­ци­ја, ка­ко и од хе­ле­ни­стич­ки­от, рим­ски­от и од ра­но­ви­зан­ти­ски­от пер­и­од. Врз ос­но­ва на овие откри­ти­ја се про­це­ну­ва де­ка во ан­ти­ка­та Ва­лан­до­во до­стиг­на­ло ви­сок ци­ви­ли­за­ци­ски раз­вој, за што све­до­чат мо­за­и­ци­те со по­вр­ши­на од око­лу 200 ква­драт­ни ме­три во се­ве­ро­за­пад­ни­от дел на гра­дот, ка­ко и мо­за­и­ци­те откри­е­ни во ме­ста­та Ра­сад­ник и Ста­ки­на чеш­ма.

Reportaza112-8

На од­да­ле­че­ност од се­дум ки­ло­ме­три ју­го­за­пад­но од Ва­лан­до­во, од ле­ва­та стра­на на Вар­дар, во бли­зи­на­та на се­ло­то Мар­вин­ци, се на­о­ѓа ар­хе­о­ло­шко­то на­о­ѓа­ли­ште Исар-Мар­вин­ци, во кое се откри­е­ни тра­ги од пра­и­сто­ри­ска на­сел­ба врз чи­и­што оста­то­ци по­доц­на се раз­ви­ла ан­тич­ка на­сел­ба од хе­ле­ни­стич­ки­от пер­и­од. Оваа на­сел­ба пре­рас­на­ла во зна­ча­ен еко­ном­ски, со­о­бра­ќа­ен и кул­ту­рен цен­тар на об­ла­ста, ко­ја се на­ре­ку­ва­ла Ам­фа­кси­ти­да.

Ва­лан­до­во е познaто и по сво­јот му­зич­ки фе­сти­вал „Фолк-фест“, кој се одр­жу­ва во кон­ти­ну­и­тет ве­ќе 30 го­ди­ни, а го­ди­на­ва за прв­пат се одр­жа во но­ва­та са­ла.

Reportaza112-9

По­крај бо­га­та­та и дол­га  му­зич­ка  тра­ди­ци­ја во ре­ги­о­нот, вед­наш ко­га ќе стап­не­те во Ва­лан­до­во ве оду­ше­ву­ва чи­сто­та­та на гра­дот.

– Ме из­не­на­ду­ва хи­ги­е­на­та на грат­че­то, и тоа по­зи­тив­но – ни ре­че ед­на по­се­ти­тел­ка дој­де­на за фе­сти­ва­лот до­де­ка ше­тав­ме низ глав­на­та ули­ца на Ва­лан­до­во.

Reportaza112-6

Ста­ра­та ар­хи­те­кту­ра го­во­ри за ед­но вре­ме ко­га му­зич­ка­та тра­ди­ци­ја по­драз­би­ра­ла се­ден­ки под ста­ро­то др­во во цен­та­рот на гра­дот и пе­е­ње се­ре­на­ди под бал­ко­ни­те, а по­крај поз­на­та сла­ткар­ни­ца на глав­на­та ули­ца, ко­ја сѐ уште пра­ви тра­ди­ци­о­нал­ни сла­тки, за­те­ков­ме и са­мар­џи­ја. Еден од ре­тки­те за­на­е­ти што сѐ уште оп­сто­ју­ва­ат. До­де­ка раз­го­ва­рав­ме со не­го ни рас­ка­жа де­ка по­крај фе­сти­ва­лот, во Ва­лан­до­во се одр­жу­ва и ра­ки­ја­да.

– Ра­ки­ја­да­та, пред сѐ, има со­ци­ја­лен мо­мент, се дру­жи­ме, но има и нат­пре­ва­ру­вач­ки ка­ра­ктер. Учес­ни­ци­те на ра­ки­ја­да­та се нат­пре­ва­ру­ва­ат во ва­ре­ње ра­ки­ја, а учес­ни­ци мо­жат да би­дат тие што ужи­ва­ат во тра­ди­ци­о­нал­но­то ва­ре­ње ра­ки­ја.

Reportaza112-7

 

(Пишува: Невена Поповска
Текст објавен во 112. број на неделникот „Република“, 24.10.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top