Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ја посети конфекцијата „Дока“ во Валандово.
-Ја посетив конфекцијата Дока од Валандово. Успешен пример на развиен домашен бизнис низ повеќе годишна макотрпна работа. Обезбедува 300 вработувања од Валандово и околината, а производството е највеќе наменето за извоз на странските пазари.
Сопственикот вели има значително влошување на бизнис климата, зголемени трошоци за правење на бизнис, а помислата за нови инвестиции станува невозможна, кога се гледа и чувствува економската и политичка несигурност. Ова е време кога стопанствениците не инвестираат затоа што се плашат. Испратив порака дека еден од најсилните приоритети на ВМРО ДПМНЕ ќе биде економијата, како да ја подобриме бизнис климата и отвориме нови работни места.
Сетот на мерки кои многу скоро ќе ги понудиме и ќе бидат дел од нашата програма, ќе содржат сеопфатен одговор на проблемите со кој се соочува стопанството. Економската сигурност мора да се врати, а на Македонија и треба економско препородување, подобар стандард на граѓаните. Не смее да има семејство кое не може да си обезбеди подобра егзистенција, а решението за тоа е добрата економија, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Христијан Мицкоски денеска во „Отворено“ на „Алфа“
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
Христијан Мицкоски: Учи од вчерашниот ден, живеј за денес, надевај се за утре
-
Сомнежот во јавноста дека некој тргува со правдата и правото, говори дека нема ниту правда ниту правдина, вели Мицкоски