| четврток, 6 декември 2018 |

Филе најавува амбициозна програма за инвестиции во Западен Балкан

Комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе, на денешната дебата во Европскиот парламент најави дека се подготвува амбициозна програма за проширување со која би се обезбедиле средства за земјите од Западен Балкан за изградба на енергетски капацитети, транспортни системи и инвестиции во социјалниот сектор.

Според него, од голема корист за земјите од Западен Балкан ќе биде и засилувањето на зоната на слободна трговија „Цефта“, што го најавила Европската комисија во Стратегијата за проширување од октомври месец во 2012 година.

„Од голема корист за земјите од Западен Балкан ќе биде и засилувањето на Договорот за слободна трговија во Средна Европа (ЦЕФТА), кој може да се продлабочи и прошири со либерализација на услужниот сектор и со подобрување на условите за странски инвестиции“, истакна Фуле.
Филе додава дека во истата стратегија е предвиден и дијалог за вработување и социјални реформи во земјите од регионот кои се залагаат за членство во Унијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top