Дополнително ќе се утврдува од какво оружје е пукано во Владата, а МВР во моментов го има остатокот од проектилот, што всушност дава информација за неговиот калибар, а оружјето од кое е испукан проектил со таков калибар може да биде различно, но треба точно да се утврди за каков тип на оружје станува збор, истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, во врска со синоќешниот инцидент кога два проектили беа забиени во фасадата на Владата.
Таа исто така, потенцираше дека степенот на безбедност за обезбедување на објектите од витално значење секогаш е на потребното ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.