Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација уште еднаш го потврди високиот рејтинг на одличен познавач на кошарката и вечерва ја предводеше Крка до победа против МЗТ Скопје со уверливи 33 поени разлика.
Врбица Стефанов на клупата на македонскиот шампион не најде рецепт за цврстата одбрана на Џикиќ, тренер кој е познат по наметнувањето на дисципкинирана игра во дефанзивата и епилогот е висок пораз од 52-85.
За лошата игра на гостите доволно говори податокот дека само Симоновски имаше двоцифрен број на поени, 10, а сите останати кошаркари на МЗТ Скопје беа под таа граница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.