| четврток, 6 декември 2018 |

Отворена изложбата „Античките мозаици од Равена“ (фотогалерија)

ravena6

Во новиот Археолошки музеј во Скопје синоќа беше отворена изложбата „Античките мозаици од Равена“.

На отворањето на изложбата на 25 мозаици од вкупно 60 кои потекнуваат од сакралните објекти во градот Равена, кои се под заштита на УНЕСКО, се обрати министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

ravena1

– Оваа значајна изложба која пропатува низ многу европски земји ни ги презентира мозаици кои потекнуваат од времето на големиот император Јустинијан, чие што име е длабоко и суштински поврзано со Македонија. Токму овде, на тлото на Македонија, со своето владеење Јустинијан воспоставил историски темелник кој го означил крајот на транзицијата од антиката во средновековието, и ја започнал  новата епоха на Европа, но, неизоставен е и неговиот придонес за развојот на книжевноста и уметноста кој влијаел врз историските и културните традиции на Македонија и нивното значење за европската култура и цивилизација, истакна Канческа-Милевска.

ravena

Многу малку градови во Европа и во светот, рече таа, се споредуваат со Равена во разновидноста и во сјајот на сочуваните споменици на културата кои се потврда за богатото градителско наследство и креативно творештво кое се негувало низ столетијата на италијанското тло.

ravena2

Оваа изложба на мозаиците од Равена несомнено е модел за културна комуникација и интеракција меѓу народите, за нивно поврзување и творечка анимација, како и за долгорочна и плодотворна културна соработка.

ravnena4

До крајот на годинава ќе се реализира и изложбата  „Фарнезина 50-ти години“ која е колекција  во сопственост на италијанското Министерство за надворешни работи и  преку која македонската јавност ќе се запознае со делата на најпознатите сликари од италијанскиот модернизам.

ravena5

Изложбата која е во организација на италијанската Амбасада во Македонија, ќе биде отворена до 8 јануари 2015 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top