| четврток, 6 декември 2018 |

Навиките на успешните луѓе

steps-to-success

Во книгата „Дневни навики на богатите поединци“ Том Корли истакнува неколку важни работи по кои богатите се разликуваат од оние кои не се.

Лошите навики ги заменуваат со добри

Добрите навики се темел на богатството. Успешните луѓе имаат многу добри и малку лоши навики. Доколку знаете дека вашите лоши навики можат да ве спречат за да бидете успешени и богати, прв чекор е да се ослободите од нив. Земете бел лист и поделете го во две колони. Во една запишете ги своите добри навики, а во другата лошите. Потоа пронајдете добра навика која што можете да ја замените со лошата. Тоа би требало да изгледа вака: Мојата лоша навика е дека гледам премногу телевизија. Добрата навика која што можете да ја замените со лошата е да го ограничите гледањето на телевија на еден час дневно или – Мојата лоша навика е дека ги заборавам имињата на новите луѓе кои ги запознавам. Тоа ќе го замените со навика така што ќе ги запишувате имињата на новите познаници и деловни партнери. Кога за еден месец повторно ќе ја погледнете листата, ќе бидете изненадени колку сте постигнале.

Редовно создаваат нова цел

Успешните луѓе никогаш не застануваат. Штом ја реализираат предхотната цел, смислуваат веднаш нова. Не се работи само за долгорочни планови, туку и дневни, седмични, месечни и годишни. Успешните луѓе секоја вечер ја прават така таканаречената „ту ду“ листа и листата на обврски за следниот ден. Меѓутоа разликата помеѓу успешните и неуспешните личности не е само во поставувањето на дел, туку и во тоа што позади секоја цел имаат и листа на решениа, начини, чекори како ќе го исполнат тоа што го планираат.

Постојано усовршување

Успешните луѓе секогаш се во потрага по начин како да се подобрат самите себе си. Значи вложувањето  во себе е тоа што ги разликува од неуспешните луѓе. Тие не трошат време на активности кои неможат да ги приближат до нивната цел. Успешните луѓе знаат дека времето е драгоцено. Тие бараат начини да го прошират своето знаење, способност и вештина.  Тоа не е секогаш лесно, но на крајот се исплати. Како расте вашето знаење така расте и вашата способност.

Не го запоставуваат своето здравје

Избалансираната исхрана е многу важна, исто така и спортот и рекреацијата. Редовното вежбање и здравата исхрана се приоритет на успешните луѓе, тоа е навика која им помага полесно да се справат со стресот. Луѓето кои редовно вежбаат имаат повеќе енергија. Пробајте и тоа нека ви стане навика како што например ви е навика да се туширате.

Што можат денес не оставаат за утре

Успешните луѓе не ги одложуваат своите обврски. Секако и тие имаат лоши денови, стравови, но одат понатаму и не дозволуваат тоа да ги парализира. Си зборуваат себе си „направи го тоа веднаш!“. Пробајте го тоа и вие, изговорете го 100 пати на ден ако треба, но се застанувајте додека работата не ја завршите.

Светло на крајот од тунелот

Помислете на некоја успешна личност која што ја познавате и запрашајте се: Дали е тоа позитивна или негативна личност?. Успешните луѓе се полни со ентузијазам и енергија. Тие луѓе ги прати среќа, знаете зошто?. Затоа што и самите се среќни, дури и кога причините за тоа се реално минимални. Тие личности бираат да во се и во секого видат добро, а проблемите се само предизвик кој треба да го решат. Секојдневно сме „бомбардирани“ со вестите за лоши дела и лоши луѓе. Меѓутоа успешните не си дозволуваат да бидат премногу изложени на такви вести, и своите умови ги полнат со позитивни идеи од книги, весници и филмови.

Штедење

Успешните луѓе тргаат на страна 10 до 20 отсто од својата заработувачка за некои инвестиции за „црни денови“. Секако неможе секој тоа да си го дозволи, но запрашајте се кога вие сте се заштеделе па и неколку денари?.

Книгите се нивното најголемо богатство

Многу успешни луѓе читаа минимум 30 минути дневно. На тој начин ги прошируваат своите знаења и се издвојуваат од конкуренцијата и од неуспешните кои наместо да читаат го трошат времето на нешто некорисно.

Не се откажуваат

Кога ќе загусти никогаш не се откажуваат, тие одат понатаму и бараат нов пат. Значи само се менува правецот на целта, но патувањето останува исто.

Се дружат со истомисленици

Изреката гласи „Покажи ми кои ти се пријатели, а јас ќе ти кажам кој си“, во тоа има голема вистина. Бидете во круг со позитивни и успешни луѓе, тогаш и вие ќе бидете такви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top