| четврток, 6 декември 2018 |

Канадскиот војник фотографиран неколку секунди пред смртта

војник

Ова е последната фотографија на разводникот Нејтан Сирило од Хамилтон во канадската држава Онтарио, снимена неколку секунди пред да го убие разбеснетиот исламист Мајкл Зехаф-Бибо на почетокот на својот терористички поход, кој ја шокираше Канда.

Сирило (24) не можел да се брани, бидејќи пушките кои ги носи канадската почесна стража не се наполнети. Набрзо откако е ранет, подлегнал на повредите. Припадниците на единицата на која и припаѓал Сирило се менуваат на еден час на стража пред споменикот покрај канадскиот парламент во Отава, а судбината сакала во клучниот момент на должност да биде токму Сирило, самохран татко, кој сакал фитнес, животни и кантри музика.

војник 2

Грижата за синот на Нејтан, кој оди во градинка и премногу е мал да разбере што се случило, ќе ја превземе неговата баба, Кејти, мајка на Нејтан. Мајката на детето, сопругата на Нејтан, ги оставила и исчезнала. Со години не контактира со семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top