
Еден маж ја прескокнал денеска оградата на Белата куќа, но веднаш бил фатен од специјалците со посебно обучени кучиња, соопшти портпарол на разузнавачките служби.
На видео снимка можат да се видат агенти на тајните служби кои го опколуваат натрапникот на тревникот од северната страна на Белата куќа, кој потоа бил уапсен.
На почетокот на овој месец, директорката на американската Тајна служба, Џулија Пирсон поднесе оставка по низата пропусти на елитната единица за безбедност на претседателот Барак Обама.
Непосреден повод за повикување на Пирсон на одговорност бил инцидентот кој се случи на 19 септември, кога американскиот воен ветеран Омар Гонзалес влегол во Белата куќа со нож во рака
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тројца војници отстранети од должност во Белата куќа поради „несоодветен контакт со странки“
-
Едвај чекам да стекнам спомени во нашата нова куќа-ова е погледот од Белата куќа во кој уживаат новите станари!
-
Меланија попушти, влезе во Белата куќа (Фото)
-
Меланија конечно ја донесе одлуката на која долго се чекаше


